Најстариот алпинист на светот почина во 86-та година при обид повторно да се искачи на Еверест

Осумдесет и петгодишниот Непалец Мин Бахадур Шерхан почина во саботата од срцев удар при обидот по втор пат да стане најстарата личност којашто го освоил највисокиот врв на планетата Маунт Еверест, соопшти шефот на одделот за туризам на Непал, Динеш Брахтарај.

„Шерхан починал во базниот логор на падините на Еверество саботата од срцев удар. Неговото тело во недела со хеликоптер ќе биде пренесено во Катманду, каде што ќе биде извршена обдукција“, изјавил Брахтарај.

Шерхан поранешен војник Гурка во британската армија се подготвуваше да ја врати титулата којашто во 2013 година му ја презема јапонскиот алпинист Јуичиро Миура. Претходно Непалецот ја освои оваа титула кога се искачи на 8.848 метри високиот Еверест во 2008 година во својата 76-та година, а Јапонецот тоа го стори пет години подоцна на 80-годишна возраст.

„Не ми е целата да урнам чиј и да е рекорд, ова не е натпреварување меѓу поединци. Сакам само да покажам дека можам уште подобро“, изјави Шерхан во февруари на почетокот од подготовките за искачувањето.

„Шерхан имаше намера да ја врати титулата и да го зацврсти својот примат кој го загуби 2013-та. Беше во одлична форма, тренираше секојдневно и ја зачува претходната издржливост, секој ден минувајќи 14 до 15 километри на сложен релјеф“, изјави претседателот на Алпинистичката асоцијација на Непал, Анг Церинг Шерпа. Според него сите колеги „тешко ја доживуваат смртта на најстариот планинар на Непал, кој настојуваше да го задржи приматот за својата татковина“.

Ова е втор смртен случај на алпинист на Еверест оваа сезона на искачувањата. Кон крајот на април Швајцарецот Уели Штек, светски познат по освојувањата на највисоките врвови на планетата го загуби животот во несреќен случај.

Шерхан, кој беше еден од 317-те непалски алпинисти коишто годинава добија дозволи за искачување на Еверест, кон крајот на април пристигна во базниот камп, каде се аклиматизираше пред да го започне искачувањето. Инаку околу 750 луѓе од целиот свет оваа година добија дозволи и пролетва ќе се обидат да се искачат на Маунт Еверест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.