Најстариот син на Фидел Кастро извршил самоубиство

© AFP 2018 / Adalberto ROQUE

Најстариот син на кубанскот левичарски водач Фидел Кастро, докторот на науки Фидел Анхел Кастро Дијаз алар во четвтокот на Куба извршил самоубиство во 68-та година од животот, пренесе државната новинска агенција Prensa Latina и националната телевизија.

Последните месеци лекарите се обидувале да му помогнат на Кастро да ја наднине длабоката депресија. Отпрвин бил хоспитализиран, а потоа неговата состојба била следена амбулантно, се навудава во медиумските извештаи.

Кастро помлдиот, кој поради големата сличност со татко си го доби прекарот Фиделито, студирал нуклеарна физика во поранешниот Советски сојуз, а во моментот на смртта работел како научен советник во Кубанскиот државен совет и како претседател на Кубанската академија на науките.

Автор е на 11 книги и над 150 научни трудови за нуклеарната физика, енергетските технологии и нивната поврзаноста со науките за животната средина, како и за иновации и управувања со знаењата.

Неговиот татко, кој во текот на Студената војна изгради комунистичка држава во самото предворје на САД, почина пред нешто повеќе од една година, 26-ти ноември 2016 година, во 90-та година.

Стејт департментот на САД одби да ја коментира смртта на кубанскиот лидер Фидел Кастро, потсетувајќи дека станува збор за лична работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.