Најстудено во Берово -12 степени

берово

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко.

До крајот на денот времето ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена локална облачност. Во источните делови ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со температура до 4 степени.

Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во средината на неделата поради спуштање на постудена воздушна маса и умерен ветер претежно од североистичен правец.