среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Најстудено во Берово, Дебар, Штип и Тетово

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува сончево време со мала до умерена локална облачност, со појава на магла по одделни котлини особено претпладне. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе предизвика расчистување на маглата.

studenoooo

Поврзани вести

Најниска температура од -5 степени утрово е измерена во Берово, по што следуваат Дебар, Штип и Тетово со -4, Маврово, Скопје, Струмица и Битола со -3, Кавадарци со -2, Куманово, Демир Капија и Прилеп со -1.

Нула степени се измерени во Лазарополе, Крива Паланка, Претор и Охрид, 3 во Крушево и Гевгелија и 4 степени во Дојран.

Сончево на повисоките места, по котлините магла

Утринава на повисоките места и во југоисточните делови е сончево, а по контлините магловито. На повисоките места во североисточниот регион дува слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот на повисоките места и во југоисточните делови ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините претпладне магливо и постудено. Попладне во некои од котлините маглата ќе ослаби.

Дневната температура ќе се движи од 8 до 17, а во местата со магла од 1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и релативно студено претпладне, а во текот на денот ќе има делумно расчистување на маглата. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре и задутре сончево со мала до умерена облачност

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува сончево време со мала до умерена локална облачност, со појава на магла по одделни котлини особено претпладне. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе предизвика расчистување на маглата.

Во петок ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, додека во деновите од викендот условите за магла по котлините повторно ќе се зголемат.

Најчитани вести