Најстудено во Берово и Демир Капија

степени

Минус осум степени се измерени во Скопје Зајчев рид, Крива Паланка, Битола и Прилеп, минус седум во Пожаране, минус шест во Маврово, Гевгелија, Виница и Лазарополе,  минус четири Дојран, Охрид и Претор, минус три во Тополчани и Крушево, а минус два во Ѓуриште.

Највисока снежна покривка од девет сантиметри има во Лазарополе, во Маврово има осум сантиметри, а три сантиметри во Крушево.

Времето денеска ќе биде сончево,  попладне  во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево,  попладне  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до пет степени.

Утре  изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има  локални врнежи од дожд и снег. Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен, а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег, соопшти УХМР.