Најстудено во Крушево, Берово и Лазарополе

временска

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утринава во земјава е сончево, тивко и студено. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринска температура ќе се движи од -10 до -3, дневна температура од 1 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 5 степени

Од УХМР информираат дека за викендот и во понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено. Од понеделник преку денот облачноста ќе се зголемува, а од вторник а се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.