Најстудено во Петровец, Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија

Најниска температура, од минус три степени, изутрина во седум часот е измерена во Скопје Петровец, по што следат Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија со минус два,  Битола и Прилеп со минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени  во Скопје, Крива Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар и Куманово,  еден степен во Пожаране, два во Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид,  три во Крушево, четири во Берово и Тополчани.

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура  ќе  биде од 11 до 18.

Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб југоисточен ветер, а максималната температура до 13 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќе дуваслаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти од -4 до 2 степена, а највисоката  дневна ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови.

Од средината на наредната недела дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.