вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

Најстудено во Скопје и Берово, воздухот најзагаден во Скопје

Утрово најстудено е во Скопје и Берово. Според мерењата на УХМР во Скопје - Петровец и Берово се регистрирани -8 степени,  -6 во Демир Капија, Куманово, Штип и Тетово, -5 во Дебар, Струмица, Прилеп, Крива Паланка, Битола и Скопје-Зајчев Рид, -4 во Виница, -3 во Лазарополе, -2 во Претор, Охрид, Гевгелија, Маврово, Пожаране и Тополчани, -1 Ѓуриште и 0 во Крушево.

температура

Поврзани вести

Утрово времето е ведро, претежно тивко и студено, со слаба магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево, а кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла.  До недела дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово и во текот на ноќта регистрираа концентрација на ПМ10 честички над максимално дозволената.

Најзагадено е во скопските општини. Кај Ректорат се измерени 230,74 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Гази Баба 219,74, Центар 202,30, во Карпош 188,14 и во Лисиче 184,23. Во останатите градови најзагадено е во Куманово со 216,86 микрограми, Тетово 158,01, Кавадарци 149,57, Битола 111,87, Кочани 91,32, Кичево 76,37 и во Велес 65,87 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Најчитани вести