Најстудено во Скопје, Битола, Берово и Дебар

Утрово најниски температури беа забележани во Скопје каде се измерени -5 степени, по што следуваат Битола, Берово, Дебар и Струмица со -4, Штип и Демир Капија со -3, Тетово, Куманово, Кавадарци и Маврово со -2, Прилеп -1 и Охрид 0 степени.

Во Крива Паланка и Претор утринава е измерена температура од еден степен,  во Виница, Лазарополе и Гевгелија 2, Дојран 4 и во Крушево 6 степени.

Магла во Демир Капија, Скопје, Куманово и Дебар

Густа магла утринава има во Демир Капија, во делови од Скопската котлина, Куманово и во Дебар. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

Магла во Демир Капија, Скопје, Куманово и Дебар
Магла во Демир Капија, Скопје, Куманово и Дебар

Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а попладне умерено облачно со слаба магла. Температурата ќе достигне до 10 степени.

Утре сончево, од среда заладување

Според прогнозата на УХРМ, утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Од среда се очекува значителна промена на времето, проследена со умерен североисточен ветер и нагло заладување, а во вечерните часови ќе има локален слаб дожд, а на повисоките места слаб снег.