Свет

Најтажната фотографија: Од вселената сликал напад врз Газа

Најтажната фотографија: Од вселената сликал напад врз Газа

Германскиот астронаут Александар Герст го фотографирал израелскиот напад врз Појасот Газа од вселената.

Тој објавил фотографии направени на повеќе од 320 километри над Земјата, од Меѓународната вселенска станица над Газа.

НАСА сѐ уште не може да го објави официјална потврда за точната локација на експлозиите кои се гледаат на фотографиите.

Герст под фотографии на германски и на англиски јазик напишал:  – Мојата најтажна фотографија досега. Со ISS може да се видат експлозиите во Газа и Израел.