Македонија

Најтешко повредената жена дише самостојно

Најтешко повредената жена дише самостојно

Сите патници кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа по судирот меѓу воз и автобус кај Самарзлино, а хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје се во стабилна здравствена состојба.

Министерот за здравство Никола Тодоров денес истакна дека особено подобрување во здравствената состојба има кај најтешко повредената жена која беше сместена  на КАРИЛ, на интензивно лекување.

„Таа е тргната од механичка вентилација, односно од респитарот и почна самостојно да дише, што е сериозно подобрување на нејзината здравствена состојба. Се надеваме на многу позитивен исход од нејзиното лекување, посочи Тодоров.

Сите останати пациенти се во стабилна состојба, како што беше познато и претходните денови. Во тешката несреќа повредени беа 32 лица. Дел од нив беа хоспитализирани во штипската и велешката болница.