Најтопло во Демир Капија, најладно во Маврово

Највисока температура на воздухот до 40 степени денеска е измерена во Демир Капија. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје се измерени 39 степени, во Штип и Струмица 38, Битола, Тетово, Виница и Гевгелија 37, во Крива Паланка и Прилеп 35, во Претор 34, во Охрид и Берово 33, во Лазарополе 31 и Маврово 29 степени.

Времето во поголемиот дел од земјава е сончево и многу топло. Попладнево имаше зголемена облачност со појава на краткотраен дожд, особено во југозападните и северисточните претежно планински подрачја, каде имаше и појава на грмежи. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

До крајот на денот ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во планинските подрачја ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со умерен ветер од северен правец, што ќе предизвика малку пониски температури во северната половина од земјава. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а дневната од 34 до 40 степени. УВ = 9

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Утринската температура околу 20, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно и многу топло време. Од среда до петок во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат за два до три степени пониски од денешните.