ВИДЕО: Дали е ова најубавата празнична реклама на годината?

Низ целиот свет веќе почнаа да се емитуваат божиќни реклами. Оваа можеби е најубавата празнична реклама на годината, што истовремено ќе ве насмее и ќе ве забави, а за тоа најголем виновник ќе биде еден мачор.

Низата несреќни настани што му се случуваат на овој несмасен мачор за малку ќе ги уништеа празниците на ова семејство, но како што најчесто се случува со празничните реклами, се завршува со среќен крај.

Рекламата има и хуманитарна нота – во соработка со Харпер Колинс книгите за деца и светски познатата илустраторка и авторка Џудит Кер, брендот Сенсбури осмисли илустрирана приказна со мачорот Мог во главната улога, а целиот приход од книгите ќе се донира на орган изацијата Save the Children.

Погледнете ја рекламата!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.