Најубавата жена на светот во врска со грчки милионер

Веќе неколку години по ред читателите на списанијата за мажи за „најубава жена на светот“ ја прогласуваат Тулиша Контоставлос.

Контоставлос сега не е во центарот на вниманието само поради нејзината убавина, туку и поради гласините дека е во врска со контроверзниот грчки милионер Коста Панајоту, пренесува „Мирор“.

tulisa

Двојката во последно време многу често е заедно на јавни места, имаат и заеднички пријатели, а задничка им е склоноста да предизвикуваат скандали.

kosta

Панајоту неодамна беше вмешан во скандал поради напад врз полицијци, додека Тулиша беше обвинета за перење на пари, но потоа и ослободена е од обвинението. Таа, исто така, беше обвинета и за поседување кокаин.

– Коста е помлад од неа, но очигледно тоа не им пречи. Тие се возбудени и убаво им заедно, додава „Мирор“.