Најубавите моменти во секоја врска

Заборавете на лошите моменти, раскинувањата и солзите. Денеска посакајте да се посветите на љубовта и најискрените моменти во вашата врска. Иако списокот на убавите и незаборавни моменти е многу подолг, издвоивме некои од најважните моменти кои сигурно нема да ги заборавите.

Првиот состанок

Ништо не може да биде повозбудливо од подготвувањето за првото кафе, првиот состанок со личноста која ја гледаме како потенцијален партнер. Нервозата, еуфоријата, енергијата која владее меѓу двајца на првиот состанок е нешто што никогаш нема да можете да го заборавите и сигурно ќе биде една од подрагите теми за разговор.

Моментот пред првиот бакнеж

На ова се чека цела вечер и сега кога конечно ќе дојде до тоа, ви забрзува пулсот, имате пеперутки во стомакот, ви се тресат нозете, а вие само сакате бакнежот никогаш да не заврши.

Првиот секс со сегашниот партнер

Без оглед на тоа дали првиот пат со саканата личност бил совршен, сигурно ќе ја паметите таа блага срамежливост, допирите, погледите и страста на до тогаш непознатиот момент.

Во кревет, не правејќи ништо, а сепак толку магично

Нормално дека нема да биде магично, ако го повторите 100 пати…меѓутоа, моментите кога сте доволни еден на друг не правејќи ништо се вредни за паметење и знак дека имате нешто сериозно.

Моментот кога ќе сфатите дека неговото/нејзиното семејство може да биде и ваше

Нема ништо поубаво од чувството дека сте прифатени од саканата личност и нејзините најблиски и кога можете да ја замислите иднината со насмевка на лицето, заедничките фамилијарни собири и дружења.

Моментите кога…