Најубавите љубовни цитати

Таа е најдолем двигател , елан кој не тура преку сите граници. Вечна инспирација на композиторите, уметниците, писателите…

Издвојуваме 13 прекрасни цитати за љубовта…

-Единствено љубовта е вистинска и единствено што вреди во животот е љубовта.

-Љубовта е пријателство кое ја компонира најубавата музика

-Најубавиот подарок кој можеме некому да го дадеме е вниманието. Кога оние кои ги скаме ќе ја почувствуваат нашата љубов, ќе процвета како најубава пупка.

-Љубовта ги симнува сите маски кои сме ги ставиле поради стравот дека без нив не можеме да го живееме овој живот.

-Кога сакаш некого, најмногу се плашиш дека можеби ќе бидеш повреден, и ќе бидеш…

-Тој не е совршен. Не си ниту ти…Ниту вие двајцата било кога ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те наведе на размислување барем два пати и ако признае дека е човечко суштество склоно кон грешки, не го пуштај и дај му се што можеш од себе. Нема да ти рецитира поезија, нема да размислува на тебе секој момент, но свесно ќе ти даде дел од себе иако знае дека ти можеш да го распрскапш тоа делче.  Немој да го повредиш, ниту д го менуваш и не очекувај да ти даде повеќе од она што може… Смеј се кога те усреќуваат, врекај на него кога ќе те налути и нека ти недостига кога нее во близина…

-Те сакам не знаејќи како, ни каде, ниту од каде…Те сакам без проблеми и гордост, така те сакам, бидејќи не знам да сакам поразлично. Те сакам на начин на кој ти не си ти, а јас не сум јас…

-Често ми е доволно само да бидам близу до него. Да не се допираме. Ниту да зборуваме. Тишина меѓу нас…Тоа е она што ме убедува дека не сум сама.

-Мораме да ја надминеме страста. Тоа бара голем напор, бидејќи претставува ремек-дело нанашите емоции. Прекрасна хармонија на чувства. Би требало да научиме да се сакаме едни други без врзување…и вонвременски…

-Не сакам само да ме сака, туку и да ми изјави љубов…

-Љубовта е глас кој ја надминува секоја тишина. Надеж која го победува секој страв. Сила која е посилна од секоја слабост и вистина која се слуша побрзо од сончевите зраци, а трае повеќе отолку ѕвездената прашина…

-Знаете дека сте заљубени оној момент кога не сакате да потонете во сон, бидејќи реалноста е далеку подобра и поубава од било кој сон…

-Сами сме за време на раѓањето, сами сме во текот на животот и умираме сами. Единствено со помош на љубовта и пријателството можеме да создадеме илузија, барем на момент да не сме сами…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.