Најубавите мини здолништа

Мини здолништата се повторно во фокус оваа сезона, што значи дека конечно треба да пронајдете модел за себе. Постојат неколку начини на кои можете да ги носите мини здолништата во текот на ладните денови без да ви биде ладно. Најважно е да пронајдете модел кој ви одговаа, а е од квалитетни материјали.

Антилоп здолниште со копчиња

Овој модел дефинитивно ја обележа годината позади нас. Антилопното здолниште е универзално, па може да се носи во сите сезони, од летна, до зимска.

Кожно здолниште

Освен што топли, кожното здолниште е тренди и шик. Бирајте ги неутралните нијанси, кафеава, црна или бордо и носете ја со бела кошула. На крајот додадете ги високите потпетици и бидете сигурни дека сте постигнале добар зимски аутфит.

Карирано

Бидејќи карираното е вечно, дефинитивно ова здолниште мора да се најде во вашиот плакар.

Асиметрично здолниште

Асиметричниот крој е тотален хит оваа зима. Таа сама по себе е доволно впечтлива, така да препорачуваме да ја комбинирате со едноставни парчиња.

Здолниште со дезен

Оваа сезона земете си слобода да си купите здолниште со златен и сребрен дезен и чувствувајте се како кралица на гламурот.

suknja_5

Плишено здолниште со карнери

Крајно едноставно здолниште, накитено со детали како карнери, метални копчиња и големи штепови станува неодоливо. Во зависност од останатите парчиња, можете да ја носите во дневни и вечерни изданија.

Балон

Здолниште со голем волумен ќе ја издржи вашата фигура и ќе ги истакне вашите нозе.