Најубаво украсените објекти во Гази Баба ќе добијат награди

Во пресрет на новогодишните празници, општина Гази Баба започна со украсување на својата територија, а исто така и годинава повторно општината ќе додели награди за најубаво новогодишно украсување.

„И оваа година пред новогодишните празници ги мотивираме жителите на Гази Баба заеднички да го украсиме просторот каде живееме и работиме. За таа цел општината ќе доделува награди за најубаво новогодишно украсување во категориите двор, тераса и простор пред зграда (заедница на станари), пред стопански субјект, училиште и градинка“ , стои во соопштението од општината.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 02/321 2886, на бесплатниот телефон 0800 4 2222, на електронската адреса  redakcija@gazibaba.gov.mk или лично во едношалтерскиот систем во Општината, најдоцна до 22.12.2014 год.