Најугледните американски медиуми му објавија војна на Сорос

Притисокот врз американсккиот амбасадор во Македонија станува се поголем, а финансирањето на одредени групи во нашата земја со американски пари ќе биде ставено под лупа откако се повеќе сенатори и угледни и влијателни политичари во САД го креваат својот глас и бараат да се спроведе темелна истрага за тоа како пари од американски даночни обврзници биле исплатувани на разни групи во Македонија.

Денес на програмата најгледаната и една од телевизиите кои уживаат најголема доверба во САД, Фокс Њуз беше емисијата „Strategy room“ во која тема на разговор беше токму писмото на шесте влијателни американски сенатори во кое жестоки критики биле упатени на адреса на американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, а кое тие го испратиле до државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон.

Тие побарале Стејт департментот да отвори истрага за начинот на кој се користат фондовите на УСАИД и Сорос за поддршка на левичарските политички групи кои работат на уривање на легитимните влади во суверени држави. Сенаторот Ли и неговите колеги веруваат дека таквото однесување е неприфатливо и мора да се запре веднаш.

2-24cd001a24-1-520x672

Во емисијата на Фокс Њуз која може да погледнете тука, водителката на програмата со двајца стручњаци разговараше за тоа како американски пари се одлевале во разни фондови, мешу кои и фондот Отворено општество на Сорос, за потоа преку нив да се исплаќаат активисти во Македонија кои делуваат против легитимно избрана власт. Според гостите темелна истрага за овие наводи е неопходна. Тие исто така додаваат дека ваквите обвинувања не се нешто ново кога се говори за Сорос, па токму затоа треба точно да се одреди за што биле потрошени овие огромни средства.

Инаку споменатото писмо од шесте сенатори кои бараат истрага за користењето на фондовите во Македонија, беше обавено и од Шон Хенити, еден од најблиските медиумски пријатели на новиот американски претседател Доналд Трамп.

heniti-520x472

Хенити има постојан пристап до претседателот Трамп, со тоа што токму тој има најмногу направени интервјуа со претседателот за време на кампањата и откако Трамп стана претседател.

–  Републиканските конгресни лидери во вторникот испратија писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и од него побараа спроведување истрага околу тврдењата дека администрацијата на Обама се меша во странски избори. Законодавците откриваат дека имале повеќе разговори со странски претставници, од кои многумина тврдат дека администрацијата на Обама активно се меша во странски избори во Европа, Латинска Америка и во Африка, објави Хенити.

Во писмото до државниот секретар Тилерсон, исто така, се изразува загриженоста на републиканското лидерство во врска со наводите дека парите од даночни обврзници од САД се празнат во либерални организации, како што се оние кои ги води активистот Џорџ Сорос, а се користат во странски кампањи.

– Ова не е првпат администрацијата на Обама да е обвинета за мешање во работите на други држави. Обама беше под оган кога Стејт департментот  потроши стотици илјади долари во обид да го порази израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на националните избори во 2015 година, стои во објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.