Секс

Највозбудливи места за секс

Највозбудливи места за секс

Новата локација за сензуални уживања ќе ја зголеми количината на адреналин во организмот поради што ќе бидете повозбудени од било кога претходно. Еве кои места би требало да ги испробате со вашиот партнер ако сакате да внесете возбуда во својата секојдневна рутина.

„Проширувањето на сексуалното искуство надвор од спалната соба може да ве зближи со вашиот партнер, да го научи што ве возбудува и да ви помогне да се чувствувате посамоуверено“, тврди сексуалната терапевтка Емили Морс. Токму затоа, ставете ги следните места на вашата листа за сексуално експериментирање.

Во дворот од куќата

Препуштете им се на страстите во дворот на сопствената куќа кој е скриен од љубопитните погледи. Доктор Морс тврди дека тоа е извонреден начин да имате секс на отворено, но без страв дека ќе бидете „фатени“. Ако се плашите дека ќе наидат соседи, во дворот можете да поставите шатор и така да внесете дополнителна доза на забава во оваа сексуална авантура.

Во хотел

„Хотелскиот секс е прекрасен затоа што не бара средување на просторијата. Пријавете се во хотел и целото време можете само да водите љубов“, објаснува познатата сексуалната терапевтка. За оние поголемите авантуристи, доктор Морс препорачува и секс на балконот од хотелската соба во вечерните часови.

Кај пријател

Оние кои го пробале, велат дека сексот ја пријател е една од највозбудливите сензуални авантури кои ги доживеале. Зошто? Затоа што ѕидовите обично се тенки, а вие мора да се трудите да бидете тивки за никој да не ве открие во вашата авантура.

Во туш кабина

Сексот во стоечка положба не е за вас, па не сакате да експериментирате во туш кабина? Не исфрлајте ја туш кабината од вашите сексуални комбинации. Сексуалната терапевтка сугерира дека можете да бидете многу креативни во када. Тоа е многу побезбедна варијанта од секс во базен, со оглед на тоа што хлорот ја намалува ефикасноста на кондомот.

Пред огледало

Ова е еден од наједноставните начини да внесете нова доза на страст во својот сексуален однос, иако некои жени не се чувствуваат самоуверено кога нивните тела се изложени на погледи. Сепак, гледањето себеси и партнерот за време на сексот, а особено ако се наоѓате во доги поза, е возбудливо искуство кое секој пар би требало да го искуси барем еднаш.