Најзагаден воздух дишат тетовчани

Последните мерења на загаденоста на воздухот објавени на сајтот на Министерството покажуваат дека денеска најзагадено е во Тетово. ПМ10 честиците во овој град се на многу високо ниво.

По Тетово следуваат Велес, Кичево и Кавадарци, каде има високо ниво на ПМ10 честици во воздухот.

Во Скопје пак, најнечист е воздухот во Центар, Лисиче и кај Ректорат.