Накит и пари украдени од куќа во Илинден

Накит и пари украдени од куќа во Илинден
Накит и пари украдени од куќа во Илинден

Златен накит, 5.500 евра и два женски рачни часовници се украдени од куќа во скопската населба Илинден, во саботата, соопшти полицијата.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет насилно ја отворил балконската врата од куќата на Д.С.(41) и извршил тешка кражба по што избегал. Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 550.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.