Накит и пари украдени од куќа во Скопје

Тешка кражба се случила завчера во куќата на педесет и деветгодишниот С.С. на улицата Марко Крале во Скопје.

Од куќата биле одземени парични средства и разновиден златен накит, со што крадецот се стекнал со противправна имотна корист од 300.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.