Накит и пари украдени од стан во Скопје

Тешка кражба се случила вчера во стан на улица „Сливовска“ во Скопје.

Од станот во сопственост на шеесет и двегодишниот В.Р. биле одземени златен накит и 40 евра.

Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.