Накит вреден 500 евра украден од куќа од Битола

Накит украден од куќа од Битола.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера бил ограбен домот на 33-годишниот Н.В. на улицата Партизанска во Битола. Арамијата со употреба на физичка сила насилно ја отворил балконската врата преку која влегол внатре извршил пребарување и одзел ремен со футрола за пиштол и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 500 евра.

Полицијата работи на откривање на сторителот.