Накови и Омераѓиќ се степале за имот

Во Основниот суд 2 вчера дошло до крвава тепачка меѓу семејството Накови и Омераѓиќ, поточно, Штерјо Наков, неговиот син и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омераѓиќ.

Тепачката се случила при одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, а започнала меѓу синот на Штерјо, Драган Наков и синот на Ружди, Масар Омераѓиќ. Во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.

Неофицијално една од причините за тепачката била навреда која член од семејството Накови ја упатил кон Масар Омераѓиќ.

Од МВР ја потврдија информацијата дека вчера во Основниот суд 2 имало тепачка и велат дека инцидентот се случил поради нерешени имотноправни односи.

-Има пријава дека вчера, во Основниот суд 2 се сличила физичка пресметка поради нерешени имотноправни односи. До тепачката дошло кога М.О., роден 1969 – та година физички го нападнал триесет и седумгодишниот Д.Н., велат од МВР и додаваат дека инцидентот бил расчистен.

Според доброинформирани извори на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судската полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.

Драган Наков со раскрварена глава со Брзата Помош бил однесен во болница.