Налепници за новорегистрираните возила

Од почетокот на годинава започна примената на “Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Тоа значи дека секое новорегистрирано возило во новата огдина добива налепница за извршена регистрација којашто задолжително се лепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Налепницата е со црвена боја и со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.

Инаку целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои  учестваат во сообраќај на јавен пат.