четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 48

ВИДЕО: Со автомобил налета на група пешаци во Лас Вегас

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 37 се повредени кога една жена со автомобил налета на група пешаци во Лас Вегас, објавуваат американските медиуми.

las-vegas-1

Последни вести

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 37 се повредени кога една жена со автомобил налета на група пешаци во Лас Вегас, објавуваат американските медиуми.

Полицијата во Лас Вегас соопштува дека несреќата „можеби била намерна“, но ја исклучуваат можноста дека се работи за терористички напад, пренесува Ројтерс.

Некои од повредените се во критична состојба, а возачот, за кого локалните медиуми наведуваат дека е жена се наоѓа во притвор, наведува полицијата.

Со автомобил налета на група пешаци во Лас Вегас

Со автомобил налета на група пешаци во Лас Вегас

Инцидентот се случил истата вечер кога во Лас Вегас се одржува изборот за Мис Универзум, на кој победи Мис Филипини.

Над 37 лица се повредени на булеварот Лас Вегас, едно лице го загуби животот, а повеќе лица се во критична состојба. Возачот е приведен, објави полицијата на Твитер.

Локалните медиуми наведуваат дека несреќата се случила нешто по 18.30 часот по локално време во близина на „Планет Холивуд“ каде што се одржуваше изборот за Мис Универзум.

Сведоците на инцидентот наведуваат дека некои луѓе се обиделе да го сопрат автомобилот пред тој да ги покоси пешаците, како и дека жената се обидела да го напушти местото на несреќата. Полицијата наведува дека истрагата е во тек.

Најчитани вести