АНАЛИТИЧАРИ: „Планот за живот“ на Заев во полза на планот за „Голема Албанија“

Формирањето на Унијата на албански општини во Тирана е јасен знак дека идејата за „Голема Албанија“ не е мртва, туку напротив таа незапирливо се спроведува. Тирана, Улцин, Прешево, Приштина и македонската општина Тетово.

Аналитичарите не гледаат апсолутна никаква случајност во тоа што оваа Унија се формира токму во момент кога лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев станува се погласен пред албанските гласачи за потребата од поголеми права за Албанците, напуштање на рамките на Охридскиот договор и двојазичност на целата територија на Македонија.

Професорката Тања Каракамишева Јовановска вели станува јасно дека сите најави на Заев се дел од еден поголем проект – планот за формирање на „Голема Албанија“ кој што опфаќа и делови од Македонија.

„Дефинитивно има голема поврзаност на оваа Унија со идеите на Заев и неговите планови за кантонизација на Република Македонија, иако бингно создадена оваа унија за соработка на општините но ако ги видите кои се тие општини јасно се исцртува целуината проектот на Голема Албанија,  Веќе се става јасно до знаење која е таа Голема албански територија на кои што ќе има големо влијание и идејата на Заев за кантонизација но и идеите за поголема децентрализација моќ не само во делот на полицијата туку и останатите општини раководени од Албанци“, вели професорката на Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска.

Професорката објаснува дека СДСМ ветува децентрализирање на овластувањата што по дефиниција се од државен карактер.

„Многу опасно пренесување на државните функции на општинските органи е она што СДСМ го планира со функциите на МВР, водењето на матична евиденција на граѓаните, издавање на сообраќајни и возачки дозволи, дел од надлежностите на полицијата, одржување јавен ред и мир и регулирање на сообраќајот на локалните патишта. Ова ветување на СДСМ практично значи формирање паралелни полиции во државата, што значи вовед во растурањето на унитарниот карактер на државата и нејзините присилни инструменти“, вели Каракамишева Јовановска.

Според аналитичарот Никола Србов дури и најавите на Заев да се само празни предизборни ветувања за да се добие глас повеќе од Албанците, лидерот на СДСМ ја отвори „пандорината кутија“ и доколку добие можност да дојде на власт тој ќе биде под притисок да го реализира она што го ветувал пред изборите.

Ова што го говори Заев не само што нема потреба Албанците од такво нешто туку само прави штета на државата, како на Доколку дојде на власт и доколку се предомисли и да речеме дека се еаботи само за предизборна реторика нема да може така лесно да се ослободи од ова прашање и да не го спроведе, можеби не целосно, но ќе мора дел од тие прашања да ги имплементира во Македонија, а штом ќе почнат да се спроведуваат некои сегменти и тогаш прашањето е отворено и работата е тргната во тој колосек“, вели Србов.

Заев ги демантира ваквите обвинувања, ИАКО  неговите изјави дадени пред дијаспората во Швајцарија јасно укажуваат дека лидерот на СДСМ  размислува за излегување од рамката на охридскиот договор..

„Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец“ рече Заев пред десетина дена во Берн.

Според аналитичарите, имајќи ги предвид сите случувања во Македонија во изминативе две години се добива многу јасна и прецизна слика: Македонија повеќе од две години е држена во монтирана политичка криза, сите протести, сите пари слеани од Сорос, сите јавни изјави, сите НВО, новинарски текстови, сите навидум неопасни политички изјави…сето она што се случува во регионот, а за крај последниот договор за Унија на албански општини во регионот значи само едно, распарчување на Македонија, a Заев и СДСМ помагаат во реализирање на таа идеја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.