вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Намален бројот на гласачки места во општина Кочани

Подрачното одделение на Државна изборна комисија во  Кочани, надлежна за спроведување на изборите во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, ги објави избираките места во овие три општини.

кочани

Поврзани вести

Во општина Кочани, како што информираат од подрачното одделение на ДИК, гласањето на изборите закажани на 11. декември, ќе се спроведе на вкупно 61 избирачко место, односно ќе има две избирачки места помалку од претходо. Ова е согласно Изборниот законик кој предвидува за едно избирачко место најмалку 10 запишани граѓани со право на глас.

Во ИМ број 0894 во село Речани, каде гласаат жителите од село Речани и село Вранинци вкупно има запишано само осум гласачи и за нив гласањето ќе го спроведе Избирачкиот одбор од ИМ број 0895 во село Костин дол. Во ИМ број 0893 во село Безиково има запишани само девет гласачи и за нив како најблиско ИМ гласањето ќе го спроведе Избирачкиот одбор од ИМ број 0902 во село Пресека, изјави Снежана Хаџи Паунова, раководител на Подрачното одделение на ДИК во Кочани.

Во општина Кочани за претсојните избори има и промена на гласачките места. Ги има вкупно седум кај кои е извршено промена на објектот за гласање. Гласањето во ИМ број 0842 претходно беше во приватен објект на улица „Љупчо Сантов“-28, сега гласачкото место со Решение на ДИК е сместено во ОМУ „Ристо Јуруков“, ИМ број 0851 претходно беше во приватен објект на улица „Јане Сандански“ – 3, сега гласачкото место со Решение на ДИК е сместено во ЈОУДГ „Павлина Вељанова“ на улица „Гоце Делчев“ број 3, и ИМ број 0833 претходно беше сместено во зградата на поранешен КЈУБИ, сега заради подобри услови истото ќе биде во згрдата на КЈП „Водовод“.

Во општина Зрновци и општина Чешиново-Облешево нема промени во однос на бројот на избирачките места во кои ќе се спроведе гласањето. Во Зрновци ке се гласа на четири избирачки места, а во Чешиново-Облешево на 13 избирачки места.

Најчитани вести