Намален бројот на илегални мигранти кои влегуваат во САД за 40 отсто

Намалувањето на бројот на приведени лица покажува значајна промена на трендот, истакна американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели, оценувајќи дека за тоа е заслужна политиката на претседателот Доналд Трамп.

Кели нагласи дека „по спроведувањето на извршните уредби за поддршка на законот во областа на миграцијата, бројот на приведувањата и влезот на лицата кои не ги исполнуваат условите за легална миграција достигнал месечен минимум во последните пет години“.