Намален бројот на издадени одобренија за градба

Во јануари оваа година се издадени 140 одобренија за градење, што е за 22,7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува две милијарди 458 милиони и 386 илјади денари што е за 47,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 113 или 80,8 отсто се наменети за објекти од високоградба, 17
односно 12,1 отсто за објекти од нискоградба и 10 т.е. 7,1 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 140 објекти, на 102  однсоно 72,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 38 објекти или 27,1 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 632 станови со вкупна корисна површина од 43.778 метри квадратни.