Намален бројот на издадени одобренија за градење во ноември

Во ноември минатата година се издадени 182 одобренија за градење, што е за 21,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува една милијарда 958 милиони 89 илјади денари што е за 31,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160  или 87,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, шест или 3,3 отсто за објекти од нискоградба и 16 т.е. 8,8 отсто за објекти за реконструкција. Од вкупно 182 објекти, на 154 односно 84,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 28 објекти односно 15,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 метри квадратни.