Намален бројот на разводи во Македонија

Во првото тримесечје од годинава во Македонија се склучени 2.643 бракови што е намалување за 5,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување е евидентирано и кај разводите. Бројот на разеведени бракови е помал од лани за 4,3 проценти и изнесува 551.