Македонија

Намален бројот на тепачки во автобусите

Намален бројот на тепачки во автобусите

И оваа година во соработка со Јавното сообраќајно претпријатие, Град Скопје и партнерите од ОБСЕ  продолжува да се реализира проектот „Скопје град без насилство“.

„Скопје град без насилство“ е превентивно-едукативниот проект во насока на спречување на криминалот, девијантното однесување и насилството помеѓу младите и развивање на толеранцијата и меѓусебното разбирање.

За таа цел денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, директорот на Бирото  за јавна безбедност на МВР Митко Чавков, во присуство на претставници од ОБСЕ поделија промотивни материјали во авотбусите, автобуските посотојки, билетарите и другите јавни места.

7

Овој прект во учебната 2014-2015 година ќе се спроведе во 6 средни училишта: „3дравко Цветковски“-О.Карпош, „Цветан Димов“-О.Чаир, „Браќа Миладиновци“- О.Кисела Вода, „Панче Караѓозов“-О. Центар, „Владо Тасевски“-О.Аеродром и „Марија Склодовска Кири“-О.Аеродром каде ќе се одржат едукативни работилници и ќе бидат опфатени над 3.000 ученици од 1 и 2-ра година.

jankuloska

-Планираме да одржиме околу 100 едукативни работилници кои ќе се одржат во сите овие училишта. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за совесно однесување на младите луѓе, пред се на средношколската младина затоа што сите сме сведоци дека во минатото имавме чести ситуации на употреба на насилство, конфликти меѓу младите и во училиштата меѓутоа и на автобуските постојки, а неретко и во автобусите на ЈСП, истака министерката Јанкулоска.

Минатата година, во првите 9 месеци имало 48 нарушувања на јавниот ред и мир во автобусите, во 2014 имало 33, односно намалување за 31%. Податоците за состојбата на јавниот ред и мир на територијата на Град Скопје се позитивни за овие 9 месеци од годината, односно се бележи намалување на вкупниот број на прекршоци за 6,41%, 41% помалку физички напади и 51% помалку учества во тепачки.

Ова говори дека проектот кој се спроведуваше мината година покажал успех и затоа одлучиле да го спроведат и оваа година, потенцираше Јанкулоска.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека е ова е многу значаен проект за градот и подвлече дека градот Скопје перманентно работи во насока на намлување на насилството и нарушувањето на јавниот ред и мир, со што ефектите се веќе видливи.

koce

-Под надлежност на Градот Скопје е 21 средно училиште а во секое од тие училишта градот има обезбедно посебна агенција за обезбедување. При спроведувањето на овие проекти нашата цел е да се намали насилството и да се зголеми безбедноста во училиштата. При тоа вклучени се полициските станици во близина на училиштата, родителите, професорите, самите ученици. Советот на Град Скопје има донесено посебна програма , така да сите овие чинители допридонесуваат за да се намали насилството, подвелече Трајановски.