Економија

Намален бројот на туристи во јануари

Намален бројот на туристи во јануари

Бројот на туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 2,9 отсто, а за истиот процент е намален и бројот на ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јануари оваа година изнесува 30.836, а бројот на ноќевањата изнесува 65.019.

Бројот на домашните туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,8 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 0,2 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 6,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за еден отсто.

Бројот на туристите во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, е намален за 8,4 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,3 отсто, а кај странските има намалување за 19,5 отсто.

Бројот на ноќевањата во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, е намален за 5,8 отсто и тоа: кај
домашните туристи има зголемување за 22,2 отсто, а кај странските има намалување за 24,8 отсто.