Македонија

Намален бројот на заболени од туберкулоза

Намален бројот на заболени од туберкулоза

Минатата година во државава се регистрирани 323 нови случаи со туберкулоза, што е за 32 случаи помалку споредено со 2012 година кога бројот на новооткриени изнесуваше 355. Стапката на оваа болест е намалена кај детската популација, а се намалува и смртноста, додека појавата на оваа болест се поместува кон повозрасната категорија на граѓани.

Според  д-р Билјана Илиевска Попоска, директор на ЈЗУ институт за белодробни заболувања,  во Македонија се применуваат најновите стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на ТБ, кои се инкорпорирани во националната стратегија за ТБ.

Христијан Јанкулоски, претседавач на Националниот координативен механизам, истакна дека веќе десет години се спроведуваат активности со поддршка на за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а во рамките на оваа поддршка земјава добила неповратна помош од 10 милиони американски долари, за превенција и третман за туберкулоза.