Намален прометот на трговијата на мало во ноември

Прометот во трговијата на мало во ноември лани, во споредба со истиот период во 2012-та година, бележи намалување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 14,2 отсто, а реално за 15,3 отсто, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално за 0,9 отсто, а реално за 7,6 осто, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално за 7,9 отсто, а реално за 9,8 отсто, и Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 8,2 отсто, а реално за 3,9 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.