Намален прометот во трговијата на мало во октомври

Прометот во трговијата во октомври оваа година бележи намалување во сегментите трговија со хранам пијалаци и тутун и трговија на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало, во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14,9 отсто, а реално за 16,1 отсто) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7,7 отсто, а реално за 9,8 отсто).

Во трговијата на мало, во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, пораст на прометот е забележан во групата Трговија на мало со автомобилски горива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.