Намалена е поддршката за конзервативците на Меркел

Поддршката за конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел е намалена првпат под 30 отсто, а коалиционите партнери од Социјалдемократската партија имаат одредено подобрување во своите позиции. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на ИНСА за весникот „Билд”.

ИНСА утврди дека поддршката за Христијанскодемократската унија на Меркел е намалена за половина поен до 29,5 отсто, што е најниско ниво од испитувањата на јавното мислење, спроведено од оваа социолошка агенција.

Со 22 проценти доверба,  социјалдемократите имаат зголемување за еден поен во однос на претходната анкета, а резултатот на антиимигрантските „Алтернатива за Германија” (АзГ) останува непроменет – 15 проценти.

Една година пред парламентарните избори, популарноста на Меркел е прилично намалена, откако таа се заложи за политика на отворени врати за мигрантите. Се очекува Меркел да се кандидира за четврти канцлерски мандат во септември 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.