Намалена изградбата на станови во САД

Изградбата на станови во САД е намалена во јуни на најниско ниво во последните девет месеци, гаснејќи ги надежите дека пазарот за недвижнини зајакнува.

Се претпоставуваше дека изградбата на станови ќе го поттикне овогодишниот раст на најголемото светско стопанство.

Американското Министерство за трговија наведе дека изградбата на домовите минатиот месец е намалена 9,3 отсто на 893.000, што е најниско ниво од септември лани и доаѓа по падот од 7,3 отсто од мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.