Намалена невработеноста во Грција на 26,6 отсто

Стапката на невработеност во Грција е значително намалена во вториот квартал од оваа година, при што во услови кога земјата се обидува да излезе од повеќегодишната рецесија, без работа се над една четвртина од работоспособното насление, објави МИА.

Грчката статистичка служба денеска објави дека 1,28 милиони лица или 26,6 проценти од населнито биле невработени во периодот од април до јуни годинава, во споредба  со 1,34 милиони или 27,8 отсто во периодот јануари-март.

Околу еден милион работни места беа укината во Грција за време на економската криза, што започна во текот на 2009 година, кога беше обелоденето дека буџетскиот дефицит е многу повисок од колку што дотогаш се тврдеше.

Грција многу брзо остана без пристап до финанските пазари, од кои потоа доби помош за да може ги покрие трошоците и да биде спасена од банкрот. Во замена за добиените кредити под поволни услови, Атина беше принудена да спроведе строги мерки на штедње.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.