Намалена продажбата на автомобили во Русија

Во 2013 година продажбата на автомобили во Русија, што претставува втор по големина автомобилски пазар во Европа, се намалила за 5,5 отсто по одбележан рекорден раст од 11 отсто во претходната година, односно во 2012-та, пренесе „АФП“.

Во изминатите 12 месеци автомобилските компании продале 2,78 милиони нови автомобили и помали камиони, изјавиле од Европската бизнис асоцијација, од каде истакнаа дека годината била тешка за секторот.