Економија

Намалена стапката на сиромаштија во Македонија

Намалена стапката на сиромаштија во Македонија

Стапката на сиромашни лица во текот на 2011 година изнесува 27,1 отсто, што е намалување од 0,2 проценти поени, за разлика од стапката во 2010 година која што била 27,3 отсто.

Овие податоци ги покажува Државниот завод за статистика за лаекен индикаторите за сиромаштија во 2011-та година. Па така, бројот на лица кои живеат под линијата на сиромаштија е 545.200 лица.

Стапката на сиромаштија според возраст покажува дека во најлоша позиција се лицата до 17 години каде што стапката е 35,6 отсто, додека во групата од 18 до 64 години таа е на ниво оид 25,9 отсто, додека стапката на сиромаштија кај лицата постари од 65 години е 21 отсто.

Државниот завод за статистика, по спроведување на Анкетата за приходи и услови за живеење, која е во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија.