Намалена видливост на автопатот Скопје – Катланово

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Скопје – Катланово изутринава е намалена на 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува и дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.