Намалена видливост поради магла на дел од патните правци

Намалена видливост поради магла на дел од патните правци. Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Магла со видливост 30-50 м има кај Крива Паланка, додека во Битола, Прилеп, Плетвар, Штип и Кочани видливоста е 50-100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

magla123

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.