Намалена видливост поради магла во Тетово, Кочани, Прилеп и Ресен

Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Кочани, Прилеп и Ресен, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.