петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 3

Намалена видливоста на повеќе патни правци

MAGLA

Поврзани вести

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла изутринава на повеќе патни правци низ Македонија има намалена видливост, соопшти АМСМ.

Намалена видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – Миладиновци, Катланово – Скопје, Македонски Брод – Кичево и од 100 – 150 метри на патниот правец Катланово – Велес.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Најчитани вести