Намалена вредноста на откупот на земјоделски производи

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година изнесува 1.556.320.000 денари што претставува намалување за 26,9 отсто во споредба со декември 2013 година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 35,8 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата 3,9 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млекото и млечните производи, додека намалување се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, овошјето и грозјето, добитокот, живината и јајцата и рибата.