Намалени банкарските депозити во Грција

Банкарските депозити во Грција се намалени за речиси една петина од декември од 160,3 милијарди евра на 134 милијарди евра до април, се наведува во извештајот на парламентарната служба за буџет.

Во извештајот се наведува дека економијата во Грција во последниот квартл повторно бележи пад, по краткиот период на раст.

– Ако несигурноста околу политилката и економската ситуација продолжи драматично ќе се влоши состојбата во Грција, се предупредува во извештајот.